Вардар против „лавовите“ од Ѓорче ја бара првата победа во 2019 година

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар уште се нема израдувано на првата победа во 2019 година. Во пролетниот дел од првенството, „црвено-црните“ претрпеа два порази во кои не успеаа да дадат ниту еден гол. Најпрво загубија во дербито од Шкендија (на Вардар не му беше признат чист погодок), а потоа немаше оправдување за поразот од 4:0 на гости кај Ренова.

Сега Вардар е домаќин во дуелот со градскиот ривал Македонија Ѓорче Петров. Мечот се игра на стадионот во Маџари со почеток во 14 часот за кога се закажани и останатите мечеви во ова коло меѓу Академија Пандев – Шкупи, Победа – Работнички, Шкендија – Беласица и Силекс – Ренова.

Вардар и Македонија ЃП сезонава веќе одиграа три меча, а билансот е по една победа на двата тима и едно реми. „Лавовите“ го елиминираа Вардар во осминафиналето од Купот на Македонија, а „црвено-црните“ победија во првенството со 3:1.

- Оглас -

Најнови вести