Ракометарите на Вардар денеска од 16 часот го играат реванш натпреварот во плејофот за пласман во групите во Лигата на Европа против Рајн Некар Левен.
Битката е загубена уште на првиот натпревар кој се играше минатиот викенд во Скопје и кој заврши со триумф на гермаскиот тим од 25:34, па Црвено-црните на денешниот реванш играат за честа.
Во текот на летото, двојниот европски шампион доживеа голема реконструкција, си замина престедателот Михајло Михајловски и на негово место дојде поранешниот голман Борко Ристовски, а беше направен и голем ремонт во играчкиот кадар.
Квотите се на страната на германскиот тим кој е апсолутен фаворит, но вардарци имаат свои мотиви денеска да прикажат подобра игра од првиот меч.