Вардар прво ќе го вгости Веспрем во осминафиналето од ЛШ

Раководството на ЕХФ заедно со клубовите учесници ги одреди датумите за осминафиналните двомечи во Лигата на шампионите. Така Вардар прв го доби домаќинството во двомечот против Веспрем во борбата за топ 8 фазата.

Црвено-црните на 1 април во СЦ „Јане Сандански“ ќе му посакаат добредојде на унгарскиот гигант, дуелот ќе се игра во терминот од 18:45 часот.

Реваншот е закажан за седум дена подоцна, на 8 април Вардар ќе гостува во Унгарија во истиот термин од 18:45 часот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести