-0.2 C
Skopje
среда, 17 декември 2025

Вардар пушти во продажба дополнителни билети за дуелот со Веспрем

Ракометниот клуб Вардар од утре ќе пушти во продажба дополонителен број на билети за мечот од 12-тото коло во Лигата на шампионите против Веспрем.

Истите билети ќе бидат за стоење и ќе се продаваат по цена од 150 денари преку продажната мрежа на www.ticketplus.mk и на билетарницата на СЦ „Јане Сандански”. Натпреварот меѓу Вардар и Веспрем е закажан за во сабота со почеток од 17:30 часот. Истиот е прогласен за меч на колото во Лигата на шампионите.

Пеколната атмосфера и преполните трибини ќе треба да бидат ветар во грб за ракометарите во црвено-црни дресови, кои во дуелот против унгарскиот гигант ќе се обидат да ја остварат осмата победа во групната фаза.

- Оглас -

Најнови вести