Раководството на фудбалскиот клуб Вардар испрати известување до медиумите и јавноста дека е исплатена уште една сума од долговите од минатото.
Тргната е блокадата на поранешниот фудбалер на Вардар, Владица Брдаровски, во вкупен износ од 8.759.000 денари, односно 144.422 евра.
Претходно Вардар расчисти и повеќе други долгови, меѓу кои кон Горан Попов, Слободан Мутибариќ, Горан Митев, како и обврски кон адвокати, компании и други страни.