Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар има нов тренер откако раководството на Црвено-црните решија да му се заблагодарат на соработката на досегашниот прв стратег Горан Симов. По првите четири кола во Втората лига, Вардар освои само четири бода и е во зоната за испаѓање, што, секако, не е според посакуваниот план.
На местото на Симов ќе биде неговиот досегашен помошник Никола Глигоров.
Во соопштението на клубот се вели:
„Фудбалскиот клуб Вардар и г-дин Горан Симов договорија прекин на соработката. Клубот му се заблагодарува на Симов за досегашната соработка, на резултатите кои ги оствари како тренер на Вардар и му посакува среќа во понатамошниот тек на неговата кариера. Функцијата в.д. шеф на стручен штаб ќе ја извршува досегашниот помошник Никола Глигоров“, стои во соопштението.