Вардар одигра без голови (0-0) во претпоследниот пријателски натпревар на подготовките во Сиде, Турција, против Сараево.
Вардар започна во најсилниот состав, кој ја доби најголемата минутажа на подготовките. Првото полувреме помина без значајни шанси, додека во второто дел новoто засилување Цветковиќ погоди по асистенција на Закариќ, но голот беше поништен поради офсајд.
Сараево имаше две добри шанси преку Оливеира, но одбраната на Вардар беше на висина на задачата и не дозволи промена на резултатот.

