Вардар сака „хет-трик“ против Барселона

Македонскиот ракометен првак Вардар против Барселона е дербито на 7. коло во Лигата на шампиони. Двете екипи имаат по пет победи и само еден пораз во А групата. „Црвено-црните“ ќе ја имаат поддршката од навивачите во „Јане Сандански“. Се чека само да дојде 17 часот и да се активира „навивачкиот вулкан“ во кој е потребно Барселона да падне. За тоа каква е атмосферата во Вардар, објасни капитенот Стојанче Стоилов.

„И во клуб кога играме компјутерски игри, се тепаме и сакаме да победиме, а не па вака на дуел против Барселона. Тие  се издвоија како фаворити за првото место во групата, но ние можеме со нив да се носиме. Играме пред наша публика, ќе ги очекува пекол и ако дадеме сè од себе, можеме да ги победиме. Двете екипи добро се познаваат и мислам дека ќе одлучи борбеноста“, рече Стоилов.

Овој оптимизам на борбениот пикер е поткрепен со фактот дека Вардар во последните четири меча против најтрофејниот тим во Европа има биланс од две победи и два порази. Минатата сезона „црвено-црните“ се радуваа во „Јане Сандански“ со 27:24, во меч на кој каталонците беа инфериорни во текот на целиот меч. Во одредени делови од средбата гостите губеа и со по 6-7 разлика. Сигурно сите сакаат да се повтори таа игра, но секако ќе биде радост и ако победата е минимална и изразена со само еден гол, како што тоа беше пред на фајлн-фор турнирот во Келн пред две сезони (26:25).

Сепак, севкупно пресметано, Барселона е многу поуспешна. Каталонците имаат 11 победи, едно реми и само два порази во дуелите со македонскиот првак.

 

- Оглас -

Најнови вести