Вардар сака серијата без пораз да продолжи и против Работнички (Фото)

Претпоследно коло од Првата фудбалска лига, а во него градското дерби меѓу Работнички и Вардар. Романтичарите во минатото коло обезбедија пласман во Европа, а вардарци, кои имаа екстремно тешка есен, сега сакаат да ја продолжат серијата без пораз која трае веќе 15 натпревари. Сигурно дека составот на Гоце Седлоски ќе сака да заврши со стил, а истовремено и се подготвува за финалето на Купот против Струга ТЛ, дуел кој е закажан за 21 мај.

Ќе биде неизвесно, барем ако се погледне кон квотите во Sport Life.

Интересно ќе биде и на Чаир, каде Шкупи го пречекува Тиквеш. Домашниот тим доби критики од фановите за поразот од Брера во Струмица, а на Тиквеш му е потребен уште еден бод за и дефинитивно да го осигура опстанокот.

Силекс во Кратово е домаќин на Пелистер. Двете екипи веќе немаат грижи околу пласманот на табелата, кратовци изборија пласман во Европа, додека Пелистер обезбеди опстанок.

Струга Трим Лум крај езерото ќе ја пречека Брера, која се обидува да обезбеди опстанок и да го избегне баражот за пополнување на Првата лига.

Сите натпревари од 32-то коло во Првата фудбалска лига се играат од 17 часот.

- Оглас -

Најнови вести