Дресот на фудбалскиот клуб Вардар во оваа сезона ќе го носи и 33-годишниот централен дефанзивец Јасмин Мециновиќ.
Мециновиќ, кој во кариерата има играно за повеќе домашни и странски клубови, во Вардар доаѓа од новиот прволигаш Беса 1976, со којшто минатата сезона го освои првото место во втората лига.
Сезонава, Мециновиќ одигра 53 минути за Беса во првото коло против Шкендија, а на дуелот со Струга Трим Лум во второто коло не влезе во игра.