Вардар продолжува со победи во домашното првенство на Македонија, откако минимално со 1:0 славеше над Башкими во меч одигран во Скопје. Ова беше 16 победа во 19 коло за Црвено-црните, а имаат и три нерешени. Сега Вардар на лидерската позиција има 51 бодови, додека Башкими остана на 26 бодови и е на петото место во лигата.
Клучниот момент се случи во финишот од првото полувреме. Данев шутираше од далечина, голманот на Башкими кратко ја одби топката, а Стефан Цветковиќ натрча и успеа да ја затресе мрежата на гостите во 45+2 минута.
Во второто полувреме Вардар имаше шанси да постигне и втор гол, но Тодоровски ја погоди стативата, додека ударот на Омерагиќ го одбрани голманот на Башкими, кој во финишот имаше шанса да израмни, но резултатот остана непроменет и трите бода заминаа на контото на Вардар.

