Фудбалерите на Вардар добија две плати за празниците, а сметката на „црвено-црните“ е одблокирана, што се мерки како дел од планот за да се избегне суспензијата од УЕФА.
Долгови има уште кон играчите и административците во клубот, но добро е за најтрофејниот клуб што има знаци дека финасиската состојба се подобрува.
УЕФА му изрече условна суспензија на Вардар, која ќе се активира ако до 31-ви јануари не се подмират сите долгови што клубот ги има, особено кон играчкиот кадар. Условна казна е и паричната од 100 илјади евра, што во пакет ја испорачаа од УЕФА за најтрофејниот македонски фудбалски клуб.
Дека има подобра клима која ветува дека десеткратниот македонски шампион може да се врати во нормален колосек, се и закажаните зимски подготовки во Анталија од 16-ти јануари до крајот на месецот.