Вардар кој е најактивен македонски фудбалски клуб во зимскиот преоден рок, и донесе голем број нови играчи, одлучи да се раздели со деветмина свои членови.
„Фудбалскиот клуб Вардар им се заблагодарува за досега стореното, и ги ослободува од понатамошни обврски следните играчи: Ким Сеукјун, Огнен Здравковски, Симеон Здравковски, Јонус Рушту, Ѓорѓе Чосиќ, Дејан Ѓуриќ, Марио Костов, Мартин Блажевски, Давид Велковски“, објавија официјално од клубот.
На некои од нив, Вардар со убави зборови посебно им се заблагодари и преку Фејсбук страницата на клубот.