Фудбалскиот клуб Вардар објави дека се ослободува од пет досегашни фудбалери, а голманот Филип Гачевски е ставен на трансфер листата и за него нема да се бара обесштетување.
Вардарци се збогуваа со Јасмин Мециновиќ, Николче Шаркоски, Александар Ѓурковски, Џибрил Дианеси и Михал Пинтер на кои не им се продолжени договорите. Клубот им се заблагодари за досегашната соработка и им посака успех во понатамошната кариера.
Клубот најави дека ќе преговара со резервниот голман Методија Велковски како и со Ненад Мишковски.
Ново име е досегашниот голман на Тетекс, 20-годишниот Или Зибери.