Вардар славеше над Ла Фиорита со 3:0 во првиот меч од првото коло во квалификациите за Конференциската лига на УЕФА. Најтрофејниот макдонски клуб со оваа победа обезбеди мирен реванш во Сан Марино кој ќе се игра следниот четврток.
Во второто полувреме Вардарци го решија мечот во своја корист, откако по првиот дел беше 0:0. Само што почна вториот дел, Азер Омерагиќ одлично се снајде во петерецот на гостите и ја затресе мрежата за водство од 1:0.
Потоа следуваше автоголот на Мацоти во 66 минута за 2:0, а само две минути подоцна радост за навивачите на Вардар донесе и Мато кој погоди со шут од далечина.
Ова е прва победа на Вардар во европските купови по пауза од безмалку осум години.