Вардар ја продолжи низата без пораз, откако одигра 2:2 на теренот „Петар Милошевски“ крај ФФМ во дуелот со Тиквеш, во меч од 27 коло на Прва лига. Кавадарчани може да жалат што не победија затоа што на два пати имаа водство. Вардар до 2:2 стигна со гол постигнат во 90+3 минута.
Садик погоди за водство на Тиквеш од 1:0 во 41 минута, а Закариќ со гол во 45+2 минута израмни на 1:1. Во вториот дел, повторно гостите први се израдуваа, кога преку Мишов постигнаа гол во 53 минута. Вардар не се предаде и со погодок во судиското надополнување стигна до 2:2, со голот на Сенгор.
Шкендија и Силекс ја продолжуваат трката за титулата откако двата тима славеа убедливо денеска. Тетовци со 4:0 ја победија Воска, а Силекс со 5:0 ја растури Беса.
На домашен терен киксираа Работнички и Пелистер. Романтичарите на арената „Тодор Проески“ загуби од Струга ТЛ со 0:1. Пелистер во Битола беше поразен од Брера со 1:2.
Резултати: Гостивар – Шкупи 3:1, Пелистер – Брера 1:2, Работнички – Струга 0:1, Шкендија – Воска 4:0, Силекс – Беса 5:0, Вардар – Тиквеш 2:2.
Табела: Шкендија 59 бодови, Силекс 55, Работнички 49, Гостивар 47, Струга ТЛ 45, Шкупи 33, Вардар 29, Пелистер 29, Брера 24, Беса 24, Тиквеш 23, Воска 22 бодови.