Специјално од Сан Марино, Трајан Маневски
Вардар разочара и одигра само 2:2 на гости кај Ла Фиорита во реванш мечот од првото квалификациско коло во конференциската лига на УЕФА. По првиот меч Вардар имаше сигурна предност од 3:0, но вечерва на реваншот во Сан Марино не успеа да победи.
Црвено-црните прво губеа со 1:0, па имаа предност од 2:1, но примија втор погодок во последните моменти од мечот и средбата заврши нерешено.
Овој резултат е само уште еден доказ дека нема лесни ривали во европските купови. Доколку сака уште подолго да остане во Европа, Вардар ќе мора многу подобро да се подготви за следниот предизвик, а тоа е двомечот против Лозана од Швајцарија.