Вардар се засили и со Димитар Тодоровски

Поранешниот капитен на младата фудбалска репрезентација, Димитар Тодоровски, е ново засилување на Вардар. Раководството на најтрофејниот клуб сериозно пристапи кон зимската трансфер-политика и по потписите на Михал Пинтер, Ѓорѓије Јанкулов, Михаил Маневски и Мите Цикарски, го додаде и Димитар Тодоровски.

Со ангажманот на Тодоровски, Вардар добива квалитетно засилување во средниот ред.

Тодоровски е дете на Работнички, каде што се изгради како квалитетен фудбалер, а последните шест месеци настапуваше за Брера.

- Оглас -

Најнови вести