Средниот бек на Војводина и на репрезентацијата на Бразил, Жоао Педро да Силва, е нов ракометар на скопскиот Вардар. Бразилецот ќе биде големо засилување за предизвиците на домашна сцена и борбата за враќање на титулата, но и на меѓународен план, каде што „црвено-црните“ играат во Лигата на Европа.
„Бразилскиот среден бек Жоао Педро да Силва од јануари ќе го засили Вардар. Искусниот организатор на игра ќе потпише договор до јуни 2028 година, со што „црвено-црните“ добиваат искусен играч во бековската линија за следните две и пол сезони. Да Силва (1994) е универзален бек со примарна улога на среден бек, но може да покрие и лева и десна страна. Препознатлив е по брзата реакција во играта, игра „два на два“ со линијата и веруваме дека со таков профил на играч, Вардар ќе добие на поголема разновидност во нападот. Доаѓањето на Жоао Педро да Силва се вклопува во амбициите на клубот за силна пролетна полусезона во Лигата на Европа и во домашното првенство, како и во стратегијата да се гради костур на тимот на подолг рок. Деталите од договорот ќе бидат официјализирани со неговото пристигнување во Скопје во јануари. Вардар во февруари и март ќе игра мечеви од Главната фаза на Лигата на Европа, а исто такa пролетва ќе бидат и мечевите од разигрувањето за титулата во домашното првенство“, велат од РК Вардар.

