Вардар сега треба да ја наполни мрежата на Штербик

Македодонскиот ракометен првак Вардар го продолжува походот во Лигата на шампионите. По стартните две победи на гости кај европскиот владетел Монпелје и дома во дуелот со Кристијанштад, денеска следи нов предизвик. „Црвено-црните“ гостуваат кај Веспрем, во дуелот кој ЕХФ го прогласи за дерби на колото.

Ова е меч на два ривали кои многу добро се познаваат. Освен од дуелите во елитната европска лига, тие имаа многу пресметки и во регионалната СЕХА лига. Овој меч сепак ќе биде малку посебен од претходните. На голот на Веспрем денеска ќе биде Арпак Штербик. Голманот кој во претходните четири години донесе толку многу радости на навивачите на Вардар, сега е во улога на противник. Искусниот Арпад ќе има мисија да ги сопре налетите на „црвено-црните“.

Освен Штербик, во унгарскиот тим игра и македонскиот репрезентативец Дејан Манасков, кој исто така во минатото го има носено дресот на најтрофејниот македонски тим. Според проценките, Веспрем е апсолутен фаворит за триумф, бидејќи тие веќе еднаш киксираа и загубија од Барселона, па не смее да си дозволат нов неуспех.

Иако на Вардар му се даваат малку шанси, досега се навикнавме да гледаме како македонскиот првак изненадува кога никој не очекува. Дури и традицијата е на страната на Вардар, бидејќи на три од последните четири гостувања кај Веспрем успеал да остане непоразен, односно средбите завршиле нерешено. Тоа само покажува колку се интересни и неизвесни овие мечеви, па се очекува да биде така и денеска.

 

- Оглас -

Најнови вести