Вардар, Шкендија, Струга ТЛ и Брера ќе ги дознаат полуфиналните ривали во Купот

Во просториите на Фудбалската федерација на Македонија денеска напладне ќе се одржи ждрепката за полуфиналето на Купот на Македонија. Во борбата за трофејот останаа Вардар, Струга ТЛ, Брера и Шкендија, а ждрепката ќе биде отворена, што значи дека нема никакви ограничувања во однос на противниците.


Бидејќи во оваа фаза се играат два натпревара, како и минатата година, нема посебни правила за тоа кој ќе биде домаќин на првиот меч.

Првите полуфинални средби се закажани за следната среда (9 април), а според моментната форма, можеби Брера се смета за аутсајдер. Сепак, фудбалот е непредвидлив, минатата сезона во финалето играа Тиквеш и Воска, а трофејот заврши во Кавадарци, па и Брера ќе се обиде да ја искористи својата шанса.

Струга Трим Лум е единствениот тим во полуфиналето кој сè уште нема освоено куп-трофеј. Нејзиниот единствен обид беше во 2023 година, кога во финалето загуби од Македонија ЃП.

Вардар останува најтрофеен клуб во Купот со пет титули, но последниот триумф беше во далечната 2007 година. Шкендија двапати го освојуваше трофејот, во 2016 и 2018 година, додека Брера, тогаш како Академија Пандев, го подигна пехарот во 2019 година.

- Оглас -

Најнови вести