Легендарниот капитен на РК Вардар, Стојанче Стоилов си заминува од клубот, открива sportsport.mk.
По 14 години поминати меѓу Црвено-црните, од кои 13 години како играчи и една година како помошен тренер, Стоилов реши дека е време да си замине од Вардар.
А реално не беше време Стоилов да си оди од клубот, но едноставно една одлука на раководството, буквано како да го избрка некогашниот пикер од клубот. А Стоилов за Вардар го има оставено „срцето на терен“.
Пред нешто повеќе од еден месец, првиот човек на Вардар, Михајло Михајловски реши дека нов тренер на двократниот европски првак ќе биде Иван Чупиќ. И Хрватот Чупиќ беше дел од шампионската генерација на Вардар, но кога се работи за тренерската работа, тој нема ништо повеќе искутво од Стоилов.
Чупиќ во Вардар доаѓа од тимот на Метковиќ, а Црвено-црните платиле и 30.000 евра оштета, како што пишуваа хрватските медиуми. Едноставно првите луѓе на клубот решија да не му дадат доверба на Стоилов, ракометарот кој капитенски го предовдеше Вардар до две европски титули и човекот кој едноставно знае како се „дише во Вардар“.
Кога претседателот на Вардар, Михајло Михајловски требаше да објасни зошто се решил да му даде шанса на Чупиќ пред Стоилов, единственото што го кажа е дека Стоилов е легенда на Вардар и дека за него има место во клубот, но не како прв тренер. Сепак, нема место за Столе затоа што челниците со таа одлука да не му дадат доверба да биде прв тренер, едноставно го избркаа.
Го избркаа еден од ретките македонски спортисти кои може да се пофали со две европски клупски титули, а единствен што бил капитен во двата случаи.
Очигледно уште немаме научено што значи да се чува она македонското што нешто вреди, да се верува во Македонецот, да му се даде шанса да покаже дека не е ништо полош од они екои доаѓаат од странство. Во Вардар очигледно не знаат што значи тоа да се чува македонското спортско богатство, да се дава шанса на нашите врвни спортисти.