Тренерот на Вардар, Гоце Седлоски, на вечерашното гостување кај Лозана од 20.15 часот (пренос на МРТВ) одлучи да почне речиси со истите 11-мина кои стартуваа и на првиот меч во Скопје.
Единствената измена е во средниот ред, каде што на местото на Аргентинецот Кастанеда, сега ќе игра Горан Закариќ, кој е и капитен на Вардар и еден од главните играчи. Во шпицот остануваат Омерагиќ и Мато, кои беа стрелци на првиот меч пред една недела.
Лозана ќе почне во формација 4-3-1-2, а и нивниот тренер Цајдлер исто така направи само една промена во однос на стартерите од првата средба.