Градското дерби меѓу Вардар и Работнички заврши со важна победа од 1:0 за Црвено-црните. Вардар по вториот круг од Прватаа фудбалска лига, односно по 22 одиграни кола, има 24 бода за десеттата позиција на табелата, еден помалку од Воска спорт, а три повеќе од Брегалница, која е на позицијата која води во Втората лига.
Единствениот гол на стадионот „Борис Трајковски“ го постигна Дарко Глишиќ во 56-тата минута, и тоа од корнер. Имено, Глишиќ центрираше од десната страна, а топката незгодно отскокна во петтерецот на Романтичарите и заврши во голот.
Шампионот Струга ТЛ со 2:1 ја совлада Македонија ЃП и на најдобар начин го искористи ремито на Шкупи и во третиот круг од Првата фудбалска лига ќе стартуваат од лидерската позиција.
Шабани во 13-тата и Радески во 21-вата минута ги решија дилемите околу победникот. Во второто полувреме Алији само го ублажи поразот на Македонија ЃП.
Шкупи одигра без голови на гостувањето кај Брегалница во Штип и со 44 бода, еден помалку од Струга ТЛ, ќе стартува во третиот круг на првенството.
Немаше голови ниту во Струмица на дуелот меѓу Брера и Шкендија.
Тиквеш со голот на Робертињо во 20-тата минута го победи Силекс, додека Воска спорт и Гостивар одиграа 1:1.
Резултати:
Брера Струмица – Шкендија 0:0
Брегалница – Шкупи 0:0
Струга ТЛ – Македонија ЃП 2:1
Тиквеш – Силекс 1:0
Вардар – Работнички 1:0
Воска спорт – Гостивар 1:1
Табела: Струга ТЛ 45, Шкупи 44, Шкендија 43, Гостивар 30, Тиквеш 29, Силекс 29, Брера Струмица 27, Работнички 27, Воска спорт 25, Вардар 24, Брегалница 21, Македонија ЃП 18.