Додека е на подготовки во Словенија, Вардар продолжува да се засилува. Од денеска на подготовките во Раденци, Словенија има две нови имиња.
Легендарниот вардаров голгетер Горан Петрески ќе биде дел од стручниот штаб на тренерот Горазд Михајлов.
Од играчкиот кадар, засилување треба да биде Николче Шаркоски. Искусниот 30-годишен фудбалер во минатото ги бранеше боите на екипите на Воска, Работнички, Брера и Победа.