Секоја година во ноември светски познати личности помагаат да се подигне свеста за болестите кои главно ја напаѓаат машката популација, но со редовната контрола може навреме да се откријат и да се лекуваат.
Дел од активностите придружени со симболичното пуштање мустаќи или брада или едноставно фотографирање со мустаќи, помагаат и за подобрување на исхраната, вклучување спортски активности во животот со цел превенирање на состојби кои може да доведат до болести.
Бројот на поддржувачите кои во текот на ноември не ги бричат мустаќите и брадата, а веќе следниот месец се враќаат на мазниот уреден изглед расте, а годинава и ракометарите на Вардар се вклучија во светската кампања „Мовембер” со цел да ја подигнат свеста за здравјето на мажите – особено за ракот на тестисите и простатата.