Вардар се потеше против второлигашкиот имењак во лудиот пенал-рулет

Актуелниот македонски шампион Вардар продолжува во Купот на Македонија по неизвесната пресметка на гости кај Вардар Форино, која се реши по луд пенал-рулет. Двете екипи ремизираа во регуларните 90 минути, при конечни 2-2, по што следуваше изведување на пенали за да се одлучи патникот во следната фаза.

Вардаровите фудбалери промашија два пенали до петтата серија и беа на прагот од елиминација, меѓутоа домаќините наместо да слават, ги одржаа во живот шансите на гигантот. Вардар потоа не погреши во следните пет серии и ја славеше со 9-8.

Во регуларното време, Вардар имаше и предност од 2-0 по головите на Блажевски од пенал во 38-мата и Петковски во 57-мата минута, но Алиу со два брзи погодоци до 74-тата минута го анулира водството на гостите.

Македонскиот првак е првиот тим кој обезбеди пласман во осминафиналето од Купот на Македонија.

 

- Оглас -

Најнови вести