Екипата на Вардар најмалку до понеделник ќе биде осамена на врвот од прволигашката табела, откако со 3-1 славеше над Работнички во 100-тото скопско дерби.
„Романтичарите“ започнаа одлично и поведоа преку Демир Имери во седмата минута, но Давид Бабунски со гол од пенал во 41-вата минута не дозволи Работнички да замине на паузата со водство.
Во 56-минута директен црвен картон заработи капитенот на Работнички, Бесир Демири, а само три минути подоцна Вардар дојде до предност од 2-1 со голот на аргентинскиот интернационалец, Диего Кастањеда.
Конечните 3-1 ги постави Роџерс Мато во 69-тата минута.
Вардар со оваа победа дојде до 19 бода и ќе чека кикс на Струга на утрешниот меч против Силекс за да остане осамен на врвот од табелата. „Црвено-црните“ го имаат и убедливо најефикасниот напад во Првата лига со 20 гола на седум натпревари или речиси три по натпревар.