Фудбалскиот клуб Вардар ја промовираше песната „Гордоста на градот“, како и спотот, во кој се прикажани моменти од историјата на клубот, но и најави враќање на „Градски“, односно на Националната арена „Тодор Проески“.
Од клубот не соопштија повеќе детали дали враќањето на нашиот најголем стадион ќе биде за домашните мечеви или само за неделното гостување кај градскиот ривал Работнички, кој своите домашни натпревари ги игра токму на Националната арена. Во кусото соопштение се вели дека наскоро ќе следуваат дополнителни информации.