20.8 C
Skopje
петок, 5 септември 2025

Вардар со убедлив старт на новата сезона во ракометната Супер лига

Ракометарите на Вардар со убедлив триуф на гостувањето кај Струга го започнаа новото првенство во Супер лигата. „Црвено-црните“ славеа со убедливи 25-38, а победата ја обезбедија уште во првото полувреме, кое заврши во нивна корист со 11-20.

Јапонскиот интернационалец, Харуки Кавада, беше најефикасен на мечот со девет гола од 11 обиди, додека во поразената екипа се истакна Стефан Атанасовски со седум гола од осум шута.

Првото коло од Супер лигата продолжува утре, а дербито помеѓу Алкалоид и Охрид ќе се одигра во среда во 18:30 часот во салата „Автокоманда“.

- Оглас -

Најнови вести