Екипата на Вардар без поголеми проблеми и препреки стигна до убедлива победа на отворањето на меѓународниот ракометен турнир во Струга откако го совлада домаќинот со 29-17.
Вардарци уште од стартот на мечот покажаа кој е фаворитот и со сигурна игра во која му дозволија на противникот да реализира само осум гола во првиот дел, стигнаа до убедлива предност на полувремето од 15-8.
Во второто полувреме предноста на Вардар постојано растеше сè до конечните 29-17 и победа над Струга од 12 гола разлика.
Во групата со Струга и Вардар е уште и екипата на Гуиф Ескилстуна од Шведска.