39.8 C
Skopje
петок, 25 јули 2025

Вардар стартуваше со Чупиќ на чело, по 14 години го нема Стоилов

Ракометарите на Вардар се екипираа на првиот собир под водство на  овиот тренер Иван Чупиќ. Хрватот пред еден месец беше назначен за нов тренер, одлука која предизвика бурна реакција посебно кај легендарниот капитен Стојанче Стоилов.

Поради одлуката Стоилов да не ја добие довербата да го предводи Вардар, легендарниот пикер си замина од Вардар и тоа по 14 години поминати меѓу црвено-црното семејство.

Од Вардар преку социјалните мрежи најавија кои се првите планови за новата сезона.

Со тренирање во групи и медицински прегледи, ракометарите на Вардар ги почнаа подготовките за новата сезона. Тренерот Иван Чупиќ на првиот тренинг имаше дел од ракометарите кои почнаа со работа со кондициониот тренер, а другите треба да ги минат задолжителните медицински прегледи. Сите ракометари на кои клубот смета сезонава се во Скопје. Во следните денови ќе се завршат сите прегледи, а потоа од понеделник почнуваат и тренинзите во сала. Потоа екипата заминува на висински подготовки, а до крајот на месецот треба да се одиграат и неколку контролни натпревари, и турнири”, потенцираат од таборот на Вардар.

Пред почетокот на сезоната ќе се одржи и мечот од Супер купот, на 3 септември. Местото на одигрување дополнително ќе биде одредено.

- Оглас -

Најнови вести