Актуелниот лидер во фудбалското првенство на Македонија, екипата на Вардар ги стартуваше зимските подготовки. Во клупската база Црвено-црните се собраа и ги “запалија моторите”.

На првата прозивка недостасуваа странските засилувања (Мато, Фустин, Матиќ, Закариќ…).
Вардарци ќе тренираат во клупската база до 13 јануари, за кога е планирано заминување во Анталија, Турција. Најтрофејниот клуб во Анталија ќе остане до 3 февруари, период во кој Црвено-црните треба да одиграат шест пријателски мечеви.

Вардар е лидер во домашнито првенство и главна цел ќе биде освојување на титулата, како и одбрана на трофејот во Купот.

