Вардар конечно е фаворит за победа, коефициентот е одличен

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар е домаќин на Брегалица во меч од 20 коло на Прва лига. Освен овој дуел, попладнево ќе се играат уште четири дуели и тоа: Брера – Македонија ЃП, Шкендија – Гостивар, Тиквеш – Работнички и Воска – Силекс.

Вардар е најлошиот домаќин сезонава со само 10 освоени бодови од девет средби, но Брегалница е најлош гостин кој е единствен без победа и со само два освоени бода од девет натпревари.

Во есенскиот дел, на средбата во Штип меѓу овие два тима немаше погодоци. Тоа беше нивна прва пресметка во последните шест години. Сега Вардар е во улога на фаворит, но Црвено-црните тоа треба да го потврдат и на теренот.

Вистинска мешаница е во долниот дел од табелата, каде последниот Вардар има 18 бодови, а брегалница која е на деветото место е со 20 бодови. Тука се и Воска која ќе бара победа против Силекс, додека Македонија Ѓорче Петров има тешко гостување кај Брера.

Од четирите екипи кои се дел од понудата денеска во Sport Life како најголем фаворит се издвојува Шкендија во дуелот против Гостивар.

- Оглас -

Најнови вести