Освојувачот на Купот, тимот на Вардар, доживеа убедлив пораз од 5-0 на пријателскиот натпревар против Марибор на подготовките во Словенија.
Натпреварот се играше со продолжено времетраење од 2 x 60 минути, а Вардар веше конкурентен до 65-тата минута, кога всушност тренерот Гоце Седлоски почна да прави замени.
Во првото полувреме Судани беше најактивен во тимот на Марибор, со неколку опасни обиди, но резултатот остана непроменет. Во 65-тата минута Габонецот Мбина го отвори резултатот со прецизен удар во горниот лев агол. Тој се запиша во листата на стрелците уште двапати, во 84-тата и во 104-та минута, комплетирајќи хет-трик.
Во 114-тата минута беше досуден пенал по фаул над Мбина, а капитенот Репас беше прецизен за 4-0.
Конечните 5-0 ги постави Комароми во последните моменти од мечот, по убава акција со Сикошек.