15.8 C
Skopje
петок, 1 август 2025

Вардар вечерва во Лозана треба да го потврди европскиот сјај што го има

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар вечерва од 20:15 часот во Лозана ќе го игра реванш-мечот од второто квалификациско коло во Конференциската лига на УЕФА.

Црвено-црните имаат позитива од 2:1 стекната по првиот меч кој се одигра минатиот четврток во Скопје, што значи дека денеска доволно е да не загубат во Лозана.

Овој Вардар покажа дека има европски шарм. Во досега трите одиграни меча, два против Ла Фиорита и еден против Лозана, тимот предводен од тренерот Гоце Седлоски потврди дека негува офанзивна игра и трипати постигнуваше барем по два гола (вкупно седум дадени погодоци на три меча). Доколку тој тренд продолжи и вечерва, тоа би требало да биде доволно за Вардар да ја продолжи европската приказна.

Се очекува вечерва Вардар да биде посилен и со играњето на капитенот Закариќ, но Седлоски уште остави дилема околу тоа дали офанзивниот играч ќе стартува од првата минута.

Лозана покажа дека има несигурна одбрана, но сепак сега игра дома, пред своите навивачи и тоа сигурно ќе биде нивен адут.

Двете екипи имаат свои калкулации, а вечерва ќе се знае чија пресметка ќе биде точна и кој ќе ја продолжи европската авантура во третото квалификациско коло од Конференциската лига на УЕФА.

- Оглас -

Најнови вести