Специјално од Сан Марино, Трајан Маневски
Ремито на гостувањето во Сан Марино против Ла Фиорита не беше баш најпосакуван резултат за Вардар, кој ја имаше фаворитската улога, но сепак беше доволно за Црвено-црните да продолжат една убава низа.
Веќе 20 натпревари на официјални средби Вардар нема пораз. Последен пат Вардар загуби од Шкендија, и тоа во првенството на 16 февруари со 1:2 на арената „Тодор Проески“.
Од тој пораз, па до денеска Вардар одигра вкупно 20 меча, во кои забележа 13 победи и седум нерешени меча. Црвено-црните се непобедливи во првенството, во Купот, а сега и на двата меча во европските квалификации.
Следниот предизвик за Вардар ќе биде дуелот против Лозана во Скопје на 24 јули, во рамките од второто квалификациско коло од Конференциската лига на УЕФА.