Малубројната публика на Националната арена во Скопје имаше можност да види шест гола на мечот помеѓу Вардар и Македонија ЃП (5-1), но за истакнување е оној последниот со кој беше постигнат конечниот резултат.
Аргентинецот Хоакин Торес во 74-тата минута одлучи да биде „себичен“ и сам да ја завршува акцијата, а на крајот тоа се покажа како вистинско ремек-дело. Тој успеа да направив „слалом“ низ одбраната на „лавовите“ и да го совлада Ристе Јанков.
Заклучокот би бил дека Вардар веќе игра „танго“, во очекување на новиот тренер кој доаѓа од Аргентина, Кристијан Фабијани, а официјално треба да ја преземе функцијата од Гоце Седлоски на крајот од оваа сезона.

