Вардар во Анталија ќе одигра пет пријателски натпревари

Најтрофејниот македонски клуб Вардар го објави планот за зимски подготовки во пресрет на пролетниот дел од сезоната. Црвено-црните во периодот од 18 јануари до 8 февруари ќе тренираат во Анталија.

Во турскиот туристички центар Вардар ќе одигра пет пријателски натпревари. Вардар првиот меч ќе игра против Актобе (Казакстан) на 22 јануари, четири дена подоцна противник ќе биде Сабуртало од Грузија.


Украинскиот тим Верес ќе биде ривал на Вардар на 29 јануари, а два дена подоцна Црвено-црните ќе се сретнат и со ФК Цсквар од Унгарија.

За крај на подготовките во Анталија, Вардар ќе игра против Рапид Виена на 5 февруари.

- Оглас -

Најнови вести