Вардар е во негатива од два гола при резултат 12-10 против Мешков Брест по првото полувреме. Избраниците на Стевче Алушовски засега му парираат на белорускиот состав и се најавува неизвесна завршница во премиерниот меч од новата сезона во Лигата на шампионите.
Црвено-црните на двапати беа во предност на стартот при 2-1 и 7-6, по што домаќините остварија серија од четири погодоци и ја презедоа иницијативата со 11-7. Искусниот Вујин со четири гола засега ги држи Вардарци во игра, а негативата можеше да биде минимална доколку Вардар го искористеше последниот напад пред паузата.