Осогово и Вардар одиграа хуманитарен натпревар на стадионот „Никола Мантов“ во Кочани, а средствата собрани од продажбата на билени, но и од наддавањата кои беа организирани, ќе бидат искористени за изградбата на спомен-обележје за жртвите од трагичниот пожар во Кочани.
Мечот беше запрен во 63-тата минута за да им се даде почит на 63-цата загинати во големата трагедија.
Иако резултатот е најмалку важен на вакви натпревари, сепак Вардар на крајот славеше со 4-1.

