Ракометарите на Вардар 1961 го претрпеа првиот пораз во сезоната во Европската лига на ЕХФ откако по неизвесен натпревар загубија од Кристијанстад со 32-31. Тимот на Иван Чупиќ може да жали бидејќи и покрај бројните грешки во нападот, на крајот имаше можност за победа. Поразот дојде буквално во последниот напад на противникот.
Вардарци започнаа добро, поврзаа два гола преку Дмитро Хориха, а со головите на Николас Боно поведоа со 2-3. Сепак, по технички грешки и промашувања, Кристијаншсад постигна четири гола и поведоа со 6-3. И покрај тоа, Јанковски и Боно го одржуваа Вардар во игра (6-5).
Првиот дел се играше со тесна разлика, а головите на Боно, Кавада и Хориха ја одржуваа напнатоста до 9-8. Потоа следуваше серија од три гола за домашниот тим, кој се одлепи на 12-8. Јака Малус со два гола донесе 12-10, но Вардар промаши три напади, па на пауза се замина со 14-11.
Вториот дел започна на сличен начин. Вардар постигна три гола преку Кавада, Јанковски и Тузолана за да се приближи на 15-14. Потоа Малус и Ќосевски донесоа израмнување на 16-16. Двете екипи се менуваа во водство, а Вардар одржуваше тесна разлика до 22-21. Домашниот тим се одлепи на 25-22, но Вардар веднаш намали со голот на Тузолана (25-24).
Во завршницата, Вардар постигна гол преку Малус, но потоа промаши напад. Кристијанстад казни за три гола предност (29-26), што го натера Чупиќ да побара тајмаут.
Вардар возврати со три гола — два на Хориха и еден на Митровиќ — за израмнување на 29-29 во 57-мата минута. Голманот Милош Валах одбрани пенал, а Хориха донесе водство по долга пауза. Сепак, шведскиот тим успеа да израмни и Вардар не успеа да реализира зицер преку Ќосевски, па домаќинот со погодок во последните секунди го обезбеди триумфот.
Најефикасен во редовите на Вардар беше Дмитро Хориха со осум гола, а по шест постигнаа Николас Боно и Јака Малус. Вардар имаше и голманска одбрана на високо ниво, со 18 интервенции на Милош Валах, што дополнително ја потенцира штетата од тесниот пораз. Единствен кој беше незадржлив кај противникот беше Аксел Мансон со 13 гола.

