Вардар и Ла Фиорита играат без голови по првото полувреме на арената „Тодор Проески“. Македонскиот претставник е подобар, создаде неколку добри шанси, но не успеа да ја затресе мрежата на гостите.
Неколку шутеви завршија покрај голот на гостите од Сан Марино, кои се ориентирани на игра од контранапади.
Во една таква ситуација, искусниот Мишковски со лизгачи блокираше еден удар на гостите кои можеше да биде многу опасен.