Вардар во вториот дел го скрши отпорот на Бутел

Поранешниот македонски шампион Вардар ја забележа деветтата победа по ред во Суперлигата, совладувајќи го скопскиот ривал Бутел со 36-30 во деветтото коло.

Црвено-црните ја контролираа играта во поголемиот дел од првото полувреме и стигнаа до предност од +4 (10-6), но Бутел брзо се врати и направи пресврт (17-16).
Сепак, Вардар успеа да се соземе и на полувремето замина со минимална предност, 19-18.

Во второто полувреме, Вардар го засили темпото и со скрши отпорот на Бутел за конечни 36-30.

Најефикасен кај Вардар беше Боно со седум голови, додека кај Бутел најмногу постигна Михајловиќ, осум погодоци.

- Оглас -

Најнови вести