Вардар води со 16:11 против Веспрем на полувреме, во финалето од ракометната Лига на шампиони. Македонскиот првак игра на посакуваното ниво, но мора да продолжи во исто темпо и во вторите 30 минути.
Вардар прв даде гол, а потоа Веспрем стигна до првото и засега единствено водство од 2:1. „Црвено-црните“ потоа дадоа два гола во низа за 3:2 и до полувремето не ја испуштија предноста.
За прв пат Вардар дојде на три гола предност во 14 минута кога беше 8:5, а пет минути подоцна македонскиот првак стигна и до 11:7. До овој период, Мораеш даде четири гола, а вкупно седуммина вардарци се запишаа во листата на стрелци.
И по 23 минути беше 13:10, а потоа Вардар со серија од 3:0 стигна до највисоки шест разлика (16:10) во 28 минута.
Освен играчите на теренот, блескаат и навивачите на трибините во арената во Келн.
Остануваат уште 30 минути во кои Вардар треба да издржи за да стигне до втората европска титутла во историјата.