По пауза од две години играње во Втора лига, најтрофејниот македонски клуб Вардар се врати во елитното домашно натпреварување. Црвено-црните заедно со уште 11-те најдобри клубови во Македонија ќе бидат дел од Прва лига.
Во просториите на Фудбалската федерација на Македонија денеска беше извршена ждрепка за мечевите од првото коло, во кое ќе се сретнат:
АП БРЕРА Струмица – ВАРДАР
ВОСКА Спорт – ШКЕНДИЈА
СТРУГА Трим Лум – ГОСТИВАР
ТИКВЕШ – МАКЕДОНИЈА Ѓ.П.
БРЕГАЛНИЦА – СИЛЕКС
РАБОТНИЧКИ – ШКУПИ