Вардар за четири минути го реши Детонит и следната сезона ќе игра во Првата лига

Фудбалерите на Вардар следната сезона ќе играат во Првата македонска фудбалска лига откако денеска во Струмица на стадионот „Благој Истатов“ во баражот ја совладаа екипата на Детонит Струмица со 2:0.

Ова е втора година по ред Црвено-црните преку бараж натпревар да си го решаваат пласманот во Првата лигата. Минатата сезона преку баражот се вратија во Првата лига, а сезонава обезбедија опстанок.

Вардарци работата ја завршија за четири минути и тоа во финишот од првиот дел. Подобрата играта во првото полувреме беше крунисана со голот на Ѓуриќ во 42-та минута, а само четири минути подоцна, Лука Шушњара со одличен гол ги реши дилемите околу победникот.

Во второто полувреме, Црвено-црните ја препуштија контролата на топката на играчите на Детонит, се фокусираа на одбрана на својот гол и успеаја во својата намера зачувувајќи ја предноста од 2:0 со која го обезбедија опстанокот во Првата македонска фудбалска лига.

- Оглас -

Најнови вести