4.8 C
Skopje
петок, 23 јануари 2026

Вардар за противник доби второлигаш, дербито ќе се игра во Струга

Во Фудбалската федерација на Македонија беше извршена ждрепката за четвртфиналната фаза од Купот на Македонија.

Бранителот на трофејот и есенски шампион, Вардар, имаше среќа во ждрепката и за противник го доби второлигашкиот лидер, Охрид Лихнидос.

Дербито на четвртфиналето ќе се игра во Струга, каде што финалистот од минатата година ќе го пречека актуелниот шампион на Македонија, тетовската Шкендија.

Работнички и Силекс за противници добија второлигаши, но ќе мора да гостуваат. „Романтичарите“ нема да патуваат далеку, со оглед дека за противник ја добија Шкендија од Арачиново, додека екипата од Кратово ќе гостува во Радовиш, кај Детонит Плачковица.

Двојки – четвртфинале:

Вардар – Охрид Лихнидос
Струга – Шкендија
Шкендија Арачиново – Работнички
Детонит Плачковица – Силекс

Натпреварите се играат на 25 февруари. Се игра само еден меч, а победниците ќе обезбедат место во полуфиналето.

- Оглас -

Најнови вести