Вардар загуби од словенечки второлигаш

Фудбалерите на Вардар загубија од екипата на Словенска Бистрица во контролен дуел одигран во Словенија. Бистрица е тим кој игра во втората фудбалска лига на Словенија, но и покрај тоа, на домашен терен успеа да слави против најтрофејниот македонски клуб.

Единствениот гол домаќините го постигнаа во 74-тата минута и изненадувачки стигнаа до триумф. Вардар во своите редови има многу нови играчи, уште тимот се создава, но секако дека кога ривал е еден тим од втор ранг во Словенија, мора да се очекува повеќе.

За Вардар ова беше втор контролен дуел откако пред два дена со 1:0 славеше над Мура. Следниот меч на Вардар ќе биде на 20 јуни, а противник ќе биде тимот на Чарда Мартјанци, кој игра во третата лига на Словенија.

Стартниот тим на Вардар за дуелот против Словенска Бистрица беше:

- Оглас -

Најнови вести