3.8 C
Skopje
сабота, 17 јануари 2026

Вардар загуби со 6:2 од Јаблонец во првиот контролен меч во Турција

Вардар имаше резултатски неуспешна прва контролна средба на подготовките во Турција откако убедливо со 6:2 загуби од Јаблонец.

Лидерот во македонското првенство едноставно беше нерамноправен противник во дуелот против чешкиот тим кој е на третото место во тамошното првенство.

Уште во првото полувреме Јаблонец покажа сила и постигна дури четири погодоци за убедливо водство од 4:0. Во второто полурвеме силите на теренот беа поизрамнети, па двата тима постигнаа по два гола, за конечни 6:2 за чешката екипа.

Следниот меч Вардар ќе го игра на 20 јануари против тимот на Андихан од Узбекистан.

- Оглас -

Најнови вести